
Во вториот натпревар во рамки на УЕФА развојниот турнир за фудбалерки до 16 години, македонската репрезентација денеска во Струмица загуби од Андора на пенали, откако во регуларниот дел немаше победник (2-2).
Гостинките поведоа во 14. минута со погодокот на Бос, а во 79. минута Андора дојде до предност од 2:0.
Во завршните десет минути, избраничките на селекторот Катерина Милеска успеаја да го израмнат резултатот и да се изборат за изведување пенали.
Во 82 минута, Елена Наумоска намали на 2:1, а пет минути подоцна го постигна и израмнувачкиот гол.
Во пенал серијата, репрезентативките на Андора беа поуспешни откако обидот на Марија Велиновска со обрани противничката голманка.
Во вториот натпревар Косово го совлада Сан Марино со 2:0.
Македонската репрезентација во завршното трето коло ќе игра против селекцијата на Косово, в понеделник на стадионот во Турново со почеток од 13 часот. (МИА)

Македонски



