Skip to main content

Moже ли жанската ракометна репрезентација до пласман на СП?

Женската македонска ракометна репрезентација ја очекува уште последниот дуел од квалификациите на ЕХФ ЕУРО 2026 против Словенија на гостински терен. Македонскиот национален тим веќе е во Велење каде в недела од 18 часот го игра дуелот против домаќинот. Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски веќе го имаа и првиот тренинг во „Рдеча дворана“.

–  Мора да играме агресивно, да се бориме за секоја топка и да останеме фокусирани до самиот крај. Сè уште имаме шанса да се квалификуваме за Европското првенство, што го прави секој гол исклучително важен за нас. Верувам дека со срце, карактер и тимски дух, можеме да постигнеме резултат што ќе ни значи многу, изјави капитенот Ивана Гакидова.

Македонската репрезентација е на третата позиција во групата со два бода колку што има и Белгија, но нашата репрезентација има добар меѓусебен скор. Сепак за пласман на Европското првенство може да решава и вкупната гол-разлика на третопласираните селекции од сите групи. Затоа од исклучително значење е евентуален пораз да биде со помала разлика.

Поврзани вести