
Израел синоќа соопшти дека останките пронајдени во Газа и вратени во Израел не се совпаѓаат со ниту еден од мртвите заложници киднапирани за време на нападот на Хамас во 2023 година, објавија американските медиуми.
Канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопшти дека се завршени форензичките испитувања и е утврдено дека она што беше вратено во вторникот од палестинските милитанти не е поврзано со мртвите заложници.
Американските медиуми пренесуваат дека со останките на двајцата заложници кои останаа во Газа, страните се блиску до завршување на првата фаза од примирјето посредувано од САД.
Дваесет живи заложници и останките на уште 26 други се вратени во Израел откако започна примирјето на почетокот на октомври. Нивното враќање е клучен дел од условите на нестабилниот договор, за кој Хамас и Израел се обвинуваат меѓусебно за кршење.
Палестинските медиуми објавија дека вчера предадените останки се пронајдени во северниот град Газа, Беит Лахија.

Македонски






