Skip to main content
VcylYR1KD68

ЕП: Победи за Данска, Германија и Норвешка

Ракометарите на Данска ја постигнаа првата победа во главната фаза совладувајќи ја вечерва Франција со 32:29. Ова беше последниот натпревар од првото коло од групата 1. На првите два дуела: Германија – Португалија 32:30 и Шпанија – Норвешка 34:35.

Во текот на целиот натпревар двете репрезентации се менуваа во водството, а по водството на Франција од 26:24 данските ракометари направија серија од 5-1 и во самата завршница имаа предност од два гола.

На табелата Германија е единствената репрезентација со максимални 4 бодови, по два имаат: Данска, Франција, Португалија, Норвешка, додека Шпанија е единствената без освоен бод.

Поврзани вести