Skip to main content

Ознака: КИЦ галерија

Култура  | 13.10.2025

Во МКЦ Галерија ќе бидат претставени првите две дела од триптихот:„Визура 10“

На 14.10.2025 во МКЦ Галерија 2 од 20:00 часот ќе бидат претставени првите две дела од триптихот: „Визура 10“ ВОВЕД – „АРГО – ИЛИ НАДВОР ОД НЕГО“ – уметнички триптих .Уметнички триптих „Арго – или надвор од него“ – три засебни (различни) проекти обединети во еден триптих. „Арго“ етермин кој се користел за таен јазик на група на луѓе неразбирилив за другите. Оттука триптихот сугестивно сугерира на прашањето дали културното наследство треба да е „арго“ односно затворен круг кој го разбираме малкумина вљубеници или треба да е познато зашироката јавност. Триптихот е во три последоватени фази: едукација, контеплирање (длабоко размислување) и пренесување на став.  1. ВИЗУРА 10 – ЕДУКАТИВЕН КОНЦЕРТ  Првиот сегмент од триптихот е едукативен сегмент за архаичната традицијата што може да се види од самиот наслов „Визура 10“. „Визура“ преставува замислена линија што поаѓа од окото на набљудувачот и оди директно кон предметот на набљудување. Оттука гледачите ќе имаат можност за директна визура на традицијата во својата архаична форма, преку вокално инстурментални изведби.   2. ОБОЖУВАЊЕ НА ПЕПЕЛТА – УМЕТНИЧКА ИНСТАЛАЦИЈА  Акомулираните знаења од Визура 10 ќе бидат бидат подлога за следниот проект од триптихот. „Обожување на пепелта“ е уметничка мултимедијална инсталација со светлечки перформанс. Произлегува од мислата на австрискиот  композитор Густав Малер која вели „Традицијата не е обожување на пепелта туку разгорување на огнот“. Оваа уметничка инсталација го иницира гледачот да контемплира, длабоко да размислува за културното наследство. Во македонскиот коцепт инсталацијата ја проблематизира мислата на Малер од аспект: дали ја обожуваме, ја разгоруваме или ниедно од двете.  …