Најдобриот австралиски тенисер Алекс де Минаур и британската тенисерка Кејти Болтер објавија веридба.
Чувавме мала тајна …“, напиша Болтер на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија на која таа и Де Минаур ја прославуваат својата веридба.
Тие се во врска од март 2022 година.
Инаку и двајцата имаат успешна сезона зад себе. Болтер е најдобро рангираната британска тенисерка, која освои титули на турнирите во Сан Диего и Нотингем и ја заврши годината на 23-то место на ВТА ранг-листата.
Де Минаур оваа сезона беше шести на АТП-листата и за првпат во кариерата играше во четвртфиналето на Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен, а за првпат учествуваше и во финалето на АТП.
На Вимблдон, Болтер и Де Минаур играа заедно во мешани двојки, а можно е да играат меѓу себе во Купот на Јунајтед кој започнува на 27 декември (до 5 јануари), бидејќи Австралија игра против Велика Британија, два дуели во сингл и мешан двојки.