Skip to main content

Значи постојат шанси: Ова се комбинациите кои ја носат Македонија во четврт-финалето на ракометниот Мундијал

Македонската ракометна репрезентција вечерва игра против Франција во последниот натпревар од главната рунда на Светското првенство.

Македонија во моментов е на делба на третата и четвртата позиција со Холандија со по четири бода, зад Франција, која со со осум бодови го ма обезбедено првото место и пласманот во четврт-финалето, додека втора е Унгарија со пет бода.

Таквата поставеност на работите во групата, на Македонија и даваат маи, но сепак, постоечки шанси за обезбедување место меѓу осумте нјдобри репрезентации на Мундијалот.

Првиот предуслов за влегување во математики е Македонија да направи сензација и да ја победи Франција, која можеби ќе сака да сочува дел од силите за многу поважните мечеви во разигрувањето за медалите. Но, и евентуален триумф над „галските петли“ не ни гарантира четврт-финале.

Истовремено, дури и со нерешено против Французите има опција да одиме понатаму, во зависност од останатите резултати.

Ова се комбинациите коишто не водат во четврт-финалето:

* Ако ја победиме Франција, треба да чекаме Холандија да ремизира или загуби од Австрија, а Унгарија да ремизира или загуби од Катар.

*Ако ние ремизираме со Франција, а Холандија и Унгарија загубат од Австрија и Катар, во тој случај ќе решава гол-разликата.

Поврзани вести