Skip to main content

Maкедонски репрезентативец потпиша за најголемиот грчки клуб

 Македонскиот фудбалски репрезентативец Елмин Растодер ќе ја продолжи кариерата во грчкиот прволигаш Панатинаикос, откако денеска во Атина успешно ги мина задолжителните медицински прегледи.

Како што на социјалните мрежи објави инсајдерот Фабрицио Романо, 24-годишниот Растодер ќе потпише четиригодишен договор, а вредноста на трансферот ќе изнесува 3.5 милиони евра.

Растодер официјално ќе стави потпис утре по што ќе му се приклучи на тимот на подготовките за новата сезона во холандски Апелдорн.

Изминатата сезона, Растодер ја освои шампионската титула со швајцарски Тун каде дојде во 2024 година и на 63 натпревари постигна 20 голови.

Растодер лани дебитираше во дресот на македонската репрезентација и по девет одиграни натпревари сè уште е во очекување на дебитантскиот гол