
Ракометарите на првакот Еурофарм Пелистер во дуелот од 16.коло од Супер лигата му го нанесоа првиот пораз на лидерот на табелата Вардар со 28:23 (15:13). .Пелистер ја намали бодовната разлика во однос на Вардар на два бода.
Почетокот на дуелот беше во знакот на „црвено-црните“, кои предводени од голманот Милош Валах имаа предност и водство од 7:4. Но, битолчани успеаја да изедначат на 10:10, а во тие моменти на голот на домашниот тим застана Саид Хеидаридад (заврши со 12 одбрани) и првакот на полувреме стигна до предност од 15:13.
На стартот од вториот дел „зелените“ ја одржуваа предноста, а во 45.минута стигнаа до предност од 21:15. Вардар успеа да намали, но и да донесе неизвесност во натпреварот.
Најефикасен на дуелот беше Богдан Радивојевиќ со 9 голови (без промашување). Кај Вардар најпрецизни беа Урош Митровиќ и Дмитро Хориха со по 5 голови.
На чело на табелата е Вардар со 30 бодови, пред Е.Пелистер со 28, Охрид и Алкалоид имаат по 23. Двете екипи своите дуели од 16.коло ги играат вечерва

Македонски







