
Ракометарите на Вардар ги очекува нов предизвик бидејќи денеска на домашен терен играат со Кристијанштад дуел од 4.коло од Лига Европа. Шведската екипа во претходното коло по голема борба и во драматична завршница успеа да стигне до победата во последните секунди.
Грешките беа составен дел на натпреварот, а на тој начин беше испуштена и шанса за позитивна резултат.
– Се подготвувавме да ги намалиме грешките максимално, особено што на гостински терен одигравме со многу грешки. Мораме да дадеме свој максимум за да се вратиме на првото место во групата, изјави голманот на „црвено-црните“ Васил Гогов.
Натпреварот меѓу Вардар и шведскиот тим Кристијанштад се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот, а со поддршка од трибините македонскиот претставник во Лига Европа ќе се обиде да стигне до третата победа во групата.

Македонски









