
– Ракометарите на Кристијанштад се искачија на првото место во Ф-групата на Европската лига, откако вчеравечер на домашен терен го победија Вардар со 32:31.
Ниту осумте гола на Дмитаро Хориха и 18-те одбрани на Милош Валах не беа доволни македонскиот тим да го избегне поразот.
Вардарци остануваат посветени на целта – пласман во следната фаза. Тоа ќе се обидат да го направат на реваншот со Кристијанштад веќе во следното коло.

Македонски









