Skip to main content

Пелистер ги загуби сите шанси во ЛШ

 Тренерот на македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо, изрази задоволство од настапот на своите ракометари на гостувањето во Берлин и покрај синоќешниот пораз од германски Фуксе во Лигата на шампиони.

Битолскиот состав претрпе пораз од Фуксе Берлин од 39-29 во натпреварот од 13. коло во групата А со што ги загуби шансите за пласман во плејофот.

„Натпреварот беше повеќе-помалку израмнет сè до последните дваесет минути игра. Се трудевме да не дозволиме да загубиме со висока разлика. Во дефанзивата завршивме одлична работа, но во вториот дел не можевме да го реализираме она што го планиравме. Би сакал да им честитам на моите момци за одиграното на овој натпревар“, изјави Алонсо на прес – конференцијата по натпреварот.

Битолчани се враќаат на обврските во македонската Суперлига и в недела од 13:00 часот ќе гостуваат во Радовиш. 

Поврзани вести