Skip to main content
8RHlbw6r3lk

Oваа мајсторија на Манасков ретко се гледа

Погодокот што ракометарот на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, го постигна на асистенција на голманот Никола Митревски во дуелот против Барселона е најдобар гол на натпреварите од петтото коло во Лигата на шампиони, објави денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Еурофарм Пелистер загуби во средата во Битола од Барселона со 30-34, а најубавиот момент на натпреварот се случи во последната минута кога Манасков на додавање од Митревски ефектно го совлада голманот на актуелниот светски првак.

Со два бода од воведните пет кола Еурофарм Пелистер е на претпоследното место на табелата во групата А, пред дуелот, в четврток, на гостински терен против лидерот Магдебург

Поврзани вести