
Во разигрувањето за титулата, ракометниот клуб Вардар уште во првото коло е домаќин во градското дерби против Алкалоид, реши денешната ждрепка.
Средбата треба да се игра во СЦ „Јане Сандански“ на 2 или 3 април.
„Црвено-црните“ во плејофот треба да почнат со два бода, исто колку што има и Алкалоид. Ќе се играат десет кола по што ќе биде познат првакот на Македонија.
Според календарот првото коло од разигрување за титулата почнува на 2/3 април, а првенството треба да заврши на 7/8 јуни со уште едно дерби – Вардар на домашен терен ќе игра против Еурофарм Пелистер.