
Со голот на Костески буквално во последната секунда македонската машка ракометна репрезентација ја победи Романија со 24-23 во последниот меч од групата фаза на Европското првенство кое е во тек. Ова е прва победа на македонските ракометари на шамионатот, по ремито со Португалија и не носи на третото место во групата, но не и пласман во втората фаза. Затоа ни беше потребна голема разлика со Романија или пак, што е помалку веројатно Данска вечерва ја слави против Португалија со 18 разлика.
Со оваа победа успеавме да го освоиме третото место во групата со кое ќе имаме полесен пат до Светското првенство односно само еден бараж и ќе бидеме носители.
Мечот го почнавме одлично, имавме водство од 4-0, Романците првиот гол го дадоа дури во 11. минута и тоа од пенал. Македонската одбрана функционираше беспрекорно на почетокот. Но откако Романија го даде првиот гол, натпреварот стана изедначен. Нашата најголема предност беше пет разлика, на одморот отидовме со водство од 13-9.
Во вториот дел очекувавме дека ќе продолжиме да ја зголемуваме предноста и да оствариме триумф со поголема разлика, но тоа не се случуваше на теренот.
Вистинска драма се случуваше во финишот. Романците дојдоа до нерешен резултат, а ние благодарение на гол на Костески во последните секунди дојдовме до победа од 24-23.

Македонски




