Skip to main content

Верува дека ќе биде подготвен да игра: Ѓоковиќ следната недела ќе патува на турнир во Доха

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот во Доха, кој ќе почне на 17 февруари.

Според српскиот портал „Спортал“, Ѓоковиќ верува ќе биде подготвен да игра во Катар.

Поранешниот светски рекет број 1 е при крај со закрепнувањето од повредата на левиот бутен мускул добиена на Грен слемот во Мелбурн.

Триесет и седумгодишниот Ѓоковиќ во моментов е 6. на светската ранг-листа.

Поврзани вести