
Брзо по напуштањето на стартот, скијачката ѕвезда на тимот на САД, Линдзи Вон, ја загуби рамнотежата на женскиот олимписки за спуст и имаше стравичен пад на патеката во Кортина д’Ампецо.
По падот, публиката остана целосно тивка за одликуваната американска скијачка, а трката беше прекината околу половина час, додека повредената Вон со хеликоптер беше евакуирана во болница.
ВИДЕО од падот на Линдзи Вон.
Вон, претходно заврши два тренинга само една недела откако целосно го скина предниот вкрстен лигамент на левото колено.
За овие Зимски олимписки игри Таа беше подготвена да ризикува апсолутно сè и олимпиското враќање што го воодушеви светот заврши.
Американката Бризи Џонсон – актуелниот светски шампион и тркач кој го водеше темпото на тренинг-трката во саботата – го презеде врвот на подиумот со време од 1:36,10 откако беше шестиот тркач што ја помина патеката.
Во времето на пишување на овој текст, Џонсон го држеше првото место, по неа следеа Германката Ема Ајхер (1:36,14) и Австријката Корнелија Хитер (1:36,96).

Македонски



