Skip to main content
iEn9kRDMYFM

Стигна првата дијагноза по ужасниот пад на Линдзи Вон

Принтскрин од видео/ Падот се случи на олимпискиот спуст во Италија

Американската скијачка икона Линдзи Вон (41) доживеа тежок пад за време на спуст, а според првите информации, постои сомневање за скршена потколеница.

Ова го потврди американскиот тренер по брзо скијање, Алекс Хедлмозер, во интервју за SRF:

Сè уште имаме многу малку информации. Се чини дека станува збор за скршена потколеница. Таа сè уште се подложува на дополнителни тестови.

Вон ја изгуби контролата во првите секунди од трката откако беше исфрлена од патеката поради нерамнина на патеката. Нејзината десна рака се заглави во капијата, а потоа падна на патеката. Нејзините болни крици јасно се слушнаа на телевизискиот пренос. Поранешната олимписка шампионка потоа беше ставена на носилка и пренесена со хеликоптер во болница, пишува klix.ba.

Да потсетиме, Вон се појави на олимпиксата патека и покрај сериозната повреда на коленото, бидејќи настапи со скинати вкрстени лигаменти, но нејзиниот обид заврши многу брзо на драматичен начин.

Поврзани вести