Skip to main content

Словенецот Погачар најдобар велосипедист на светот

Словенецот Тадеј Погачар уште еднаш докажа дека е најдобриот велосипедист во светот, откако во супериорен стил ја одбрани титулата на Светското првенство кое денеска се одржа во главниот град на Руанда, Кигали, прво во историјата на африканско тло.

До својата втора последователна титула светски шампион, Погачар дојде минувајќи делницата во должина од 267 километри за шест часа, 21 минута и 20 секунди.

Погачар возеше осамен последните 66 километри и низ целта мина со предност од една минута и 28 секунди пред Белгиецот Ремко Евенепул. Ирецот Бен Хили го освои третото место.