Skip to main content

Синер во второто кола на АО, за еден час почнува Ноле

Првиот светски рекет, Јаник Синер се пласираше во второто коло на Австралија Опен во 2025 година.

На стартот на турнирот Италијанецот го победи чилеанскиот тенисер Николас Жари за 2 часа и 42 минути со 7:6 (7:2), 7:6 (7:5) и 6:1. 

Синер сервираше седум асови, направи една двојна грешка и реализира две брејк топки од пет шанси. Неговиот противник имаше 13 аса, четири двојни грешки и ниту една конвертирана брејк топка од можни две.

Следен противник на Синер ќе биде победникот од мечот меѓу Тристан Школкејт (Австралија, СП) и Таро Даниел (Јапонија).

Вкупен награден фонд на Гренб слемот во Мелбурн изнесува 59,9 милиони долари

Поврзани вести