Skip to main content

Сабаленка во финалето на Мајами

Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка успеа да се пласира во финалето на Мастерсот во Мајами откако во полуфиналето ја совлада шампионката на Австралија опен Елена Рибакина. Таа во полуфиналето беше поуспешна со 2:0 во сетови (6:4 и 6:3). Ова е нов триумф за Сабаленка во меѓусебните дуели откако претходно ја победи и во финалето на Индијан Велс.

Сабаленка стана четвртата тенисерка од 2000 година која успеала да игра финале на првите четири турнири во тековната сезона.

Нејзина противничка во финалето ќе и биде Американката Коко Гоф, која беше убедлива во мечот против Каролина Мухова препуштајќи и само два гема 2:0 во сетови (6:1 и 6:1).

Финалниот меч ќе биде 13.ти меѓусебен дуел на Сабаленка и Гоф, а скорот е 6:6 во победи

Поврзани вести