Skip to main content

Полуфинале за македонската тенисерка Ѓорческа на турнирот во Србија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на убедлив начин стигна до пласман во полуфиналето на турнирот во Куршумлијска Бања. Таа ја победи Аурора Ѕантедески од Италија во четвртфиналето препуштајќи и само пет гема – 2:0 во сетови (6:4 и 6:1) за 80 минути.

Ѓорческа поведе со 4:1 во гемови, но ривалката успеа да изедначи на 4:4. Сепак до крајот на сетот македонската тенисерка ги доби двата гема, а девттиот беше решавачки и најдолг бидејќи по 10 одиграни поени македонската тенисерка поведе со 5:4, а сетот го доби со 6:4. Во вториот сет Ѓорческа имаше доминација и по водството од 3:0 во гемови, сетот го заврши со 6:1.

Во полуфиналето Ѓорческа утре ќе игра против победничката од мечот Ралука Шербан од Кипар и Селена Јаничијевиќ од Франција. 

Поврзани вести