Skip to main content

Ноле пред УС Опен мора да го провери дишењето

 Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по поразот од 2-1 во сетови од Аргентинецот Тиаго Тиранте на Мастерсот во Синсинати донесе загрижувачки вести за организаторите на УС опен. Ова откако тенисерот изјави дека веќе неколку години има здравствени проблеми во услови на висока температура при голема влажност на воздухот.

Поранешната француска тенисерка, Камил Пен која коментира за Еуроспорт, напомена дека проблемите со дишењето е лош знак особено што Ѓоковиќ веќе има победи на овој турнир. Таа додаде дека Ѓоковиќ ќе мора да направи здравствени прегледи пред УС опен.

Инаку, последниот Гренд слем турнир во годината во Њујорк почнува на 30.август, а во најава на турнирот ќе се играат и егзибициски мечеви

Поврзани вести