
Министерството за спорт додели премија од три милиони денари (околу 50.000 евра) на машката одбојкарска репрезентација за пласманот на Европското превенство 2026.
Со убедлива победа против Грузија (3:0), најдобрите македонски одбојкари вчера во Скопје се пласираа на Евроволеј 2026 и го потврдија континуитетот на успеси. За репрезентацијата ова ќе биде четврто европско првенство по ред, по настапите на во 2019, 2021 и 2023 година.
Македонија на Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во Бугарија, Финска, Италија и Романија, оди како една од петте најдобри второпласирани селекции во квалификациите.