
Францускиот скијач Пако Раса победи денес во слаломската трка од Светскиот куп во швајцарски Аделбоден. Раса победи по добриот настап во второто возење со вкупен резултат од 1:51,22 минути.
Ова е негова втора победа во кариерата во Светскиот куп, а двете ги постигна оваа сезона во слалом.
Норвежанецот Атл Ли Мекграт го освои второто место, со заостанување од 0,18 секунди. Тој беше втор и по првото возење.
Водечкиот по првото возење, Норвежанецот Хенрик Кристоферсен го освои третото место со заостанување од 0,20 секунди.
Следната станица од караванот на Светскиот куп е Венген, каде што од петок до недела ќе се одржат супер-џи, спуст и слалом.
Во генералниот пласман, Марко Одермат е прв со 955 поени, Пињеро Бротен е втор со 538, а Мекграт е трет со 478.

Македонски




