
Во Милано, Италија, викендот се одржа Меморијалниот карате семинар “Хироши Шираи”.
– На семинарот учествуваа над 500 каратисти од Италија, Австрија, Швајцарија, Белгија, Германија, Франција, Србија и Македонија. Семинарот беше од врвен карактер бидејќи истиот го водеа врвни карате инструктори од Италија: Фугаца, Кампари и Кардинале сите ученици на Сенсеи Хироши Шираи. На семинарот Дејан Недев имаше можност да се сретне со некогашниот голем карате ривал, а сега голем пријател Силвио Кампари повеќекратен европски и светски шампион, информираат од МТКФ.
Недев го покани Кампари следната година да одржи семинар во Скопје.
По завршување на семинарот Дејан и Венцислав Недев на покана на Италијанската федерација и семејството Шираи учествуваа на свечена вечера организирана во чест на големиот карате учител Хироши Шираи кој почина минатата година.