Skip to main content

Четврт-финале за младиот македонски тенисер Марко Алексовски на турнир во Белгија

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски избори четврт-финале на турнирот „Младински шампионски куп“ што се игра во белгискиот град Вилријк.

14-годишниот Алексовски со пресврт стигна до победа од 2:1 во сетови против Луис Бернардо Саравија од Португалија. Првиот сет со 7:5 во гемови го освои Саравија, а следните два му припаднаа на македонскиот тенисер со 6:1 во гемови. 

Претходно Алексовски во првото коло го победи Закарија Азаз од Франција со 2:0 во сетови, а во второто беше подобар од Андрија Мартиновиќ од БиХ истотака со 2:0 во сетови.

Утре во четвртфиналето Алексовски ќе игра против Ејдан Чан од Австралија.

Инаку, Марко Алексовски е дел од тимот на ИТФ Тенис Европа.  

Поврзани вести