Skip to main content

Алкараз со повреден зглоб ќе игра на егзибицијата во Саудиска Арабија

facebook-carlos-alcaraz

Светскиот рекет број еден, Карлос Алкараз, одговори на прашање за неговото закрепнување од повреда на глуждот.

На крајот на септември, 22-годишниот Шпанец се повлече од Мастерсот во Шангај поради повреда.

– Мојот глужд е во ред, заздравува во нормални граници. Беше истегнување од втор степен. Без многу одмор, закрепнувањето секогаш трае подолго. Можеби сè уште играм, не со непријатност, туку со малку страв. Потребно е време за да се надмине тоа, изјави Алкараз за „Марка“.

Вечер од 18:30 часот Алкараз ќе игра против Американецот Тејлор Фриц во полуфиналето на егзибицискиот турнир „Сикс Кингс Слем“ во Саудиска Арабија

Поврзани вести