
По завршувањето на регуларниот дел од НБА-лигата, формирани се двојките за разигрувањето за шампионската титула.
Победникот од Западната конференција, Оклахома Сити, и Сан Антонио (второпласиран) ќе ги добијат своите противници по плејин рундата. Сан Антонио ќе игра против победникот од плејин натпреварот помеѓу Феникс (7) и Портланд (8). Поразениот од овој натпревар ќе го одреди противникот на Оклахома Сити во плејофот и ќе се соочи со победникот од натпреварот помеѓу Клиперс (9) и Голден Стејт (10).
Денвер (третопласиран) ќе се соочи со Минесота (6) во првото коло од плејофот, додека Лејкерс (4) ќе се соочат со Хјустон (5).
Првопласираниот на Исток, Детроит ќе го доби есвјот ривал по мечот помеѓу поразениот од Филаделфија – Орландо и подбедникот од Шарлот (9) – Мајами (10).
Второпласираниот Бостон ќе игра против победникот од плејин дуелот помеѓу Филаделфија (7) и Орландо (8).
Исто така во првото коло, Њујорк (3) ќе игра против Атланта (6), а Кливленд (4) ќе се соочи со Торонто (5).
Плеј-ин рундата започнува ноќта вторник кон среда по македонско време.
Извор: МИА

Македонски


