Skip to main content

Joкиќ размислувал за пензија!?

 Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА-лигата, Никола Јокиќ во 2022 година сакал да ја заврши кариерата. Ова со јавноста го сподели Демаркус Казинс кој му беше соиграч на Јокиќ во Далас маверикс во сезоната 2021/22.

– Она што најмногу ми се допаѓа кај Јокиќ е неговиот карактер. Ако ви кажува нешто за себе, тоа е сосема вистина. Не го интересираат глупости. НБА можеби му е втора, трета, четврта омилена работа во животот. Во многу од натпреварите каде што постигнува луди статистики, тој навистина не се обидува да го направи тоа. Едноставно е неверојатно. Кога играв во Денвер, нашите шкафчиња беа еден до друг. Некој потпиша продолжување, а јас му кажав на Јокиќ дека неговиот следен договор ќе биде луд. Тој рече дека можеби ќе се пензионира пред тоа, рекол Јокиќ

Потоа следувало убедување од Казинс до Србинот да не се откажува од таква заработувачка: „Да се откажам од 300 милиони? Дали си луд? Потпиши го договорот, а потоа можеш да се здебелиш и да се опуштиш.

Јокиќ во тој период само сакал да се врати во родниот град и да работи со своите коњи во мир. 

– Му реков дека коњите нема да му избегаат, а 300 милиони ќе му овозможат да купи уште повеќе од нив, рече Казинс.

Триесетгодишниот Јокиќ како МВП во 2023 година го предводеше својот тим до трофејот во НБА-лигата

Поврзани вести