Копаркарската репрезентација на Македонија се искачи едно место погоре на ФИБА ранкингот кога станува збор за рангирањето на машките национални селекции во европската зона на Светската кошаркарска федерација.

Македонската машка сениорска репрезентација е на 57. место на светската рејтинг-листа, објавија од ФИБА, по завршувањето на квалификациите од ноемврискиот ФИБА „прозорец“.

По ова најново рангирање на Светската кошаркарска федерација, имаме вкупно 192.4 бодови, доволни за нашата најдобра селекција да ја има и 29. позиција во рангирањето кога станува збор за европската зона на ФИБА.

Од нашите противници во групата, во февруарскиот ФИБА „прозорец“, репрезентацијата на Литванија, остана на шестата позиција во европски рамки, и има вкупно 701.3 бода.

Полска забележа пад од едно место, и сега е на 17.позиција во светот, односно на 11. во Европа со 593.6 бодови, додека пак Естонија е една позиција погоре, односно 43. позиција во светскиот, и 21. во европскиот рејтинг, со 282.1 бода.

Лидер во светскиот поредок останува САД кој има 839 бодови, на втората позиција остана Србија која собра 759.6 поени, пред Германија која има 755.3 бода.

Во ТОП 5 се уште и репрезентациите на Франција и Канада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.