Skip to main content

Златното дете на ПСЖ: Во финалето од Лигата на шампионите Дезире Дуе запиша неколку рекорди

Instagram desire.doue

Дезирe Дуе, стана вистински хит во фудбалскиот свет со одличниот настап за ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите против Интер. Овој 19-годишен фудбалер постигна два гола, а имаше и една асистенција, со што, со само 19 години и 362 дена, стана третиот тинејџер кој постигнал гол во едно финале на Лигата на шампионите. Иствремено, тој стана најмладиот фудбалер кој во едно финале имал и гол и асистенција.

Со ваквиот ефект, Дуе се придружи на елитната група тинејџери кои постигнале голови во финалето на Лигата на шампионите. Патрик Клајверт го постигна тој успех со Ајакс против Милан во 1995 година, а Карлос Алберто го стори тоа за Порто против Монако во 2004 година. Достигнувањето на Дуе го додава на оваа истакната листа на млади таленти кои блескале на најголемата европска сцена.

Младата ѕвезда на ПСЖ, го запиша своето име во книгите на рекоди уште пред почетокот на натпреварот, кога стана најмладиот француски играч што почнал во финале на Лигата на шампионите. Кога постигна гол во 20-тата минута, Дуе стана третиот најмлад играч кој постигнал гол во финале на Лигата на шампионите. Сепак, неговиот резултат го надмина неговиот соиграч Сени Мајулу со голот во 86 минута во победата на ПСЖ.

Најмлади стрелци на голови во финалето на Лигата на шампионите

Патрик Клајверт (18 години 10 месеци 23 дена)

Сени Мајулу (19 години 14 месеци)

Карлос Алберто (19 години 5 месеци 15 дена)

Дезире Дуе (19 години 11 месеци 28 дена)

Ларс Рикен (20 години 10 месеци 18 дена)

Вини Жуниор (21 години 10 месеци 16 дена)

Лионел Меси (21 години 11 месеци 3 дена)

Поврзани вести