
Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, објасни зошто напаѓачот Винисиус го започна натпреварот од првото коло од Лигата на шампионите против Марсеј.
Реал синоќа победи со 2:1, откако гостите од Франција први дојдоа во водство.
Се наоѓаме во зафатен период од календарот и ни требаат сите играчи. Секој ќе има свое време, а најважно е секој да се чувствува подготвен и важен, бидејќи тоа е тоа што е и ќе биде во текот на целата сезона. Сега не е време да се зборува за тоа дали имало лични разговори. Тие остануваат во соблекувалната. Никој не треба да се чувствува навредено што не игра. Ни требаат сите. Замените оваа сезона беа многу ефикасни и не е важно само оние што почнуваат. Фудбалот се движи во поинаква насока, изјави Алонсо за официјалната веб-страница на Реал Мадрид.
Винисиус влезе во игра во 63-.минута од натпреварот, заменувајќи го Родриго.
Во второто коло од Лигата на шампионите, мадридскиот клуб ќе игра против Каират од Казахстан на гостински терен на 30 септември