Skip to main content

Вечерва не пропуштајте ЛШ: Aренал-Реал

Тренерот на Арсенал, Микел Артета ги сподели своите очекувања за четвртфиналето од фудбалската Лига на шампионите против Реал Мадрид.

– Сакам да видам дека моите играчи се подготвени за победа, дека се подготвени да го победат Реал Мадрид. Мора да бидеме тимот каков што бевме во последната четвртина од сезоната. Ова е 100 отсто најголемиот натпревар во мојата тренерска кариера. Возбудата расте. Луѓето покажуваат голем интерес. Затоа се зафатив со тренерска работа и дојдов во овој клуб. Имаме прекрасна можност да ја напишеме сопствената историја, изјави Артета за официјалниот сајт на УЕФА.

Првиот четвртфинален натпревар помеѓу Арсенал и Реал Мадрид ќе се одигра вечер во Лондон со почеток во 21 часот.

Поврзани вести