
Англискиот селектор Томас Тухел изјави оти ја презема одговорноста за своите одлуки од клупата за време на синоќешниот пораз од 2-1 во полуфиналниот натпревар на Светското првенство против Аргентина, но наведе дека околностите на теренот го принудиле за дефанзивна игра по водечкиот гол.
„Разочарани сме, бевме толку блиску, но по водечкиот гол станавме премногу пасивни и му дозволивме на противникот премногу шанси. Не успеавме да ја вратиме контролата преку посед на топката и дозволивме многу шанси пред нашиот гол“, рече Тухел во изјава за англиските медиуми.
Коментирајќи ја трансформацијата со петмина дефанзивци откако Ентони Гордон ѝ донесе водство на Англија во 55. минута, Тухел рече дека презема одговорност, но нема причина да жали за своите одлуки.
„Одлучивме да го затвориме нашиот простор, бидејќи тие го добиваа речиси секој скок дуел и постојано ја нафрлуваа топката во нашиот шеснаесетник. По нашиот гол дозволивме премногу шанси и се обидовме да реагираме. Одговорноста е кај тренерот и лесно е да се каже по натпреварот дека одлуката беше погрешна“, наведе Тухел.

Соочен со критики од англиските новинари зошто не ивршил повеќе офанзивни замени во последните минути за Англија да се обиде да постигне втор гол, Тухел рече дека околностите на теренот биле поинакви од желбите.
„Секако дека сакавме да постигнеме втор гол, но немав чувство дека офанзивните замени ќе ни помогнат. Останавме во формација 4-4-2, но станувавме сè попасивни. Не можевме да освоиме или задржиме ниту една топка, а играта целосно се промени“, додаде Тухел.

Македонски



