Skip to main content

Секогаш подготвени за тепачка: Опасни хулигани од Словачка се денеска во Скопје

Денеска се игра меч од Конференциската лига меѓу Шкендиија и Слован Братислав. Во Скопје пристинаа околу 100 навивачи од Словачка и веќе на летот за Македонија правеа проблеми во авионот па МВР мораше да интервенира.

КОИ СЕ НАВИВАЧИТЕ НА СЛОВАН

Слован Братислава е познат по тоа што има едни од најорганизираните и најстрашни хулигани и ултраси во Словачка. Нивните главни групи се Ултрас Слован Пресбург и Сектор Ц, при што вториот се однесува на нивниот дел на стадионот.

Поранешната главна група се викала Беласа шлахта (Небесно сина аристократија).

Репутација: Хулиганите на Слован имаат репутација дека се добро организирани, а многу членови наводно тренираат боречки вештини како ММА и тајландски бокс и учествуваат во договорени борби надвор од стадионот.

Идеологија: Се поврзуваат со крајно десничарски идеологии, кои се изразуваат преку транспаренти, скандирања и учество во политички протести.

Ривалства: Нивните најголеми ривали се ФК Спартак Трнава и ФК ДАЦ 1904 Дунајска Стреда

Поврзани вести