Skip to main content

Прво засилување за „кралскиот клуб“: Дин Хаусен е новиот стопер на Реал Мадрид

Facebook Real Madrid C.F.
Facebook Real Madrid C.F.

Реал Мадрид официјално го објави потпишувањето на договор со шпанско-холандскиот дефанзивец Дин Хаусен, 20-годишен централен бек (роден во април 2005 година) и висок 1,97 метри.

Договорот за играчот, роден во Амстердам, но шпански репрезентативец е официјален, двата клуба (Реал Мадрид и Борнмут), веќе ги размениле потребните документи и сè што преостанува е да се финализира моментот на официјалната презентација на фудбалерот.

Реал Мадрид ќе ја плати откупната клаузула на играчот, во висина од 50 милиони фунти (приближно 59,3 милиони евра), и тоа на три рати. 10% од добивката оди за Јувентус, поранешниот клуб на играчот.

Пари од трансферот ќе има и за Малага, каде што Хујсен тренираше како младинец, околу 5% удел преку механизмот за солидарност на УЕФА.

Хујсен добил зелено светло од неговиот досегашен клуб, веднаш да се приклучи на клубот и на тој начин да може да се натпреварува на Светското клупско првенство, кое почнува следниот месец во Соединетите Американски Држави.

Поврзани вести