Skip to main content

Првиот човек на ФФМ на состанок на „Хет трик“ комисијата во УЕФА

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, присуствуваше на состанок на „Хет трик“ комисијата на УЕФА, каде имаше разговори за тековните активности и идните приоритети оваа програма.

Оваа програма „Хет трик“ е една од најважните развојни на УЕФА, преку која повеќе од половина од нето приходите од Европските првенства се реинвестираат во развој на фудбалот во националните асоцијации.

Поддршка од оваа програма добива и Фудбалска федерација на Македонија, а првиот човек на ФФМ истакна дека особено горд. Средствата од „Хет трик“ се реализираа за инфраструктурни и развојни проекти, кои овозможуваат подобри услови за развој на фудбалот и услови за младите фудбалери во нашата земја. 

Поврзани вести