Skip to main content

Поранешен фудбалер на Фиорентина пронајден мртов

 Поранешниот дефанзивец на Фиорентина, Селесте Пин, почина во својот дом вчера на 64 години.

Според „Ла Газета дело Спорт“, телото на поранешниот фудбалер било пронајдено во неговиот дом во Фиренца од еден од негов роднина, кој контактирал со полицијата.

Органите за спроведување на законот ги истражуваат околностите на смртта.

Пин играше професионално од 1979 до 1996 година. Беше член на Перуџа, Фиорентина, Веорна и Сиена. 

Одигра 263 натпревари во Серија А и 136 натпревари во Серија Б.

Поврзани вести