Skip to main content

“Пољуд“ конечно среќен за Хрватите, падна Франција

Бевме премногу апатични, играчите се разочарани“, изјави синоќа францускиот селектор Дидие Дешамп по гостинскиот пораз од Хрватска во Сплит од 0-2 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на нации.

Хрватска до триумфот над актуелниот светски вицешампион дојде со головите на Анте Будимир во 26 минута и Иван Перишиќ (45+1).

„Мислам дека имавме добри намери, но многу брзо направивме премногу технички грешки. Противникот има квалитет, па кога му дадовме шанса бевме казнети. Бевме премногу апатични, имаше и грешки“, изјави Дешамп по натпреварот.

Во преостанатите три синоќешни плејоф дуели во елитната дивизија во Лигата на нации, Данска триумфираше над Португалија (1-0). Германија ја совлада Италија на гостински терен (2-1), додека Холандија и Шпанија одиграа нерешено 2-2.

Лига на нации:

Лига А, плејоф: Хрватска – Франција 2-0, Холандија – Шпанија 2-2, Италија – Германија 1-2, Данска – Португалија 1-0.

Лига А/Б, плејоф: Турција – Унгарија 3-1, Австрија – Србија 1-1.Украина – Белгија 3-1, Грција – Шкотска 0-1.

Лига Б/Ц, плејоф: Ерменија – Грузија 0-3, Бугарија – Република Ирска 1-2, Косово – Исланд 2-1, Словачка – Словенија 0-0

Поврзани вести