Skip to main content

ПМФЛ: Силекс и Башкими одиграа без голови

Без победник заврши дуелот од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) меѓу Силекс и Башкими, кои попладнево во Кратово одиграа 0-0.

Силекс остана четвртопласиран на табелата со 32 бодови, а Башкими место подолу на табелата со 23 бодови.

Претходно денеска, лидерот Вардар со совлада Арсими на домашен терен со 5-1, додека вчера во премиерните натпревари од воведното коло од вториот дел на прволигашката сезона, Шкендија во дербито ја совлада Струга, додека Тиквеш триумфираше над Шкупи.

Преостанатите два натпревари од 17 коло се на програмата утре, кога АП Брера ќе ја пречека Македонија ЃП, од 13 часот, а еден час подоцна ќе стартува дуелот во Битола меѓу Пелистер и Работнички.

ПМФЛ-17 коло:

Шкупи – Тиквеш 0-6

Шкендија – Струга 2-0

Вардар – Арсими 5-1

Силекс – Башкими 0-0

АП Брера – Македонија ЃП (четврток)

Пелистер – Работнички (четврток).

Табела; Вардар 45, Струга 41, Шкендија 39, Силекс 32, Башкими 23, Арсими 22, Тиквеш 21, АП Брера 19 (-1), Пелистер 16 (-1), Македонија ЃП 15 (-1), Работнички 7 (-1), Шкупи 1.

Поврзани вести