Skip to main content
Комплетирано второто коло од Првата фудбалска лига

Пелистер ја совлада АП Брера во Струмица

ФФМ

Фудбалерите на Пелистер извојуваа гостинска победа над АП Брера во Струмица со 2-1 во завршниот натпревар од 2. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Со својот прв триумф против АП Брера на гостински терен по пауза од седум години, Пелистер го комплетираше максималниот ефект на гостинските екипи во второто прволигашко коло.

Пелистер на гостувањето во Струмица дојде во водство во 48. минута, со голот на Мирко Ивановски од пенал, откако голманот Вргов го собори Ристовски во казнениот простор. Во 73. минута Бошковски ја удвои предноста на битолскиот состав на додавање од Наумоски.

Само три минути подоцна Антовски со прекрасен удар од далечина намали на 1:2 и врати надеж за Брера, но резултатот остана непроменет до крајот на натпреварот.

ПМФЛ: 2 коло:

Македонија ЃП – Шкендија 1-3

Работнички – Башкими 0-2

Арсими – Струга 1-2

Тиквеш – Вардар 1-2

Шкупи – Силекс 0-3 (службено)

АП Брера – Пелистер 1-2

Поврзани вести