
Поранешниот хрватски репрезентативец и фудбалер на Хајдук, Иван Ракитиќ, денеска официјално стави крај на својата професионална кариера.
„Драг фудбалу, имам лично писмо за тебе. Беше дел од мојот живот уште од првите денови. Од теренот во Молин, мојот роден град во Швајцарија, до најголемите фудбалски стадиони во светот. Секогаш беше таму … Ми даде повеќе отколку што можев да сонувам. И сега е време да се збогуваме. Но, знам, дури и да те оставам, ти никогаш нема да ме напуштиш“, порача Ракитиќ во видео објавено на Инстаграм.
Во својата трофејна кариера покрај другото ги освои Лигата на шампиони, Суперкупот на УЕФА, Лига Европа, шпанската титула и Светското клупско првенство.
Од своите почетоци во Базел, кариерата ја продолжи во Шалке 04, Севиља, Барселона и Ал Шабаб, а ја заврши во сплитски Хајдук.
За хрватската репрезентација, со кој го освои второто место на Мундијалот 2018, одигра 106 натпревари и постигна 15 голови