Skip to main content

Новиот стадион на Евертон ќе го носи името „Хил Дикинсон“

jorono-from-pixabay
jorono-from-pixabay

Новиот стадион на фудбалскиот клуб Евертон ќе го носи името „Хил Дикинсон“, по адвокатската фирма со седиште во Ливерпул, која стана официјален партнер за правата за именување на објектот, објави клубот од Премиер лигата.

Компанијата „Хил Дикинсон“ е од Ливерпул и е адвокатска фирма која има канцеларии во Велика Британија, Европа и Азија.

Клубот на тој начин ќе се пресели од својот претходен дом, легендарниот „Гудисон Парк“, каде што настапуваше од 1892 година, а од следната сезона своите натпревари на новиот стадион ќе ги игра и женскиот фудбалски клуб Евертон.

Својот последен последниот натпревар на „Гудисон Парк“ Евертон ќе го одигра против Саутемптон во рамки на Премиер лигата.

Новиот стадион, со капацитет од 52.888 седишта, официјално ќе биде отворен во август.