
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги искажа очекувањата за пријателски натпревар против Летонија.
„Црвено-жолтите“ утревечер од 18 часот ќе ја пречекаат летонската селекција во пресрет на завршницата од мундијалските квалификации и дуелот против Велс во Кардиф.
-Нема потреба да калкулираме или да се штедиме, затоа што имаме доволно време за одмор пред натпреварот против Велс во Кардиф. Ќе се обидеме да испробаме некои поинакви опции, како на тактички план, а и да видиме физички во каква состојба се сите фудбалери. Летонија е квалитетна селекција, а победа секогаш е во нашите мисли. Секој натпревар е важен. На овој меч сакам да ја видам и пошироката слика на Македонија, мораме да размислуваме и за иднината. Акцентот секогаш го ставаме на тимот и така ќе биде и на овие натпревари, рече Милевски на денешната прес-конференција.
Фудбалската федерација на Македонија за утрешниот пријателски натпревар со Летонија донесе одлука за бесплатен влез на трибините на Националната Арена, како еден знак на благодарност до навивачите за поддршката која ја дадоа во овој квалификациски циклу

Македонски









