тренерот на Милан Пауло Фонсека искажа критики за играта на својот тим на натпреварот со Црвена ѕвезда во 6. коло од Лигата на шампионите.
Милан победи со 2:1 со гол постигнат во финишот на мечот по спорен момент.
– Јас сум човек кој не се задоволува само со резултатот. Точно е тоа дека најважно е што победивме и сме во добра позиција, но не сум задоволен сум од настапот на тимот, изјави Фонсека по мечот со српскиот шампион.
Милан со 12 бода се наоѓа на 12. место во поредокот, Црвена ѕвезда е 31. со три бода