
Пред натпреварот од второто коло на Лигата на шампионите против Каират, тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, истакна дека тимот веќе го надминал поразот од Атлетико.
„Кралевите“ во саботата загубија од Атлетико Мадрод со 5:2 запишувајќи го првиот пораз сезонава во Ла Лига.
Веќе го надминавме тоа. Емоциите треба да траат 24 часа, без оглед на победата или поразот. Потоа доаѓа анализата. Во натпреварот против Атлетико, не стануваше збор само за став. Стануваше збор за ритам и тактички аспекти на играта. Останатото е малку поедноставно. Реал Мадрид не играше доволно добро. Го анализиравме тоа и ќе го имплементираме. Сега сме во режим на Лигата на шампионите, изјави Алонсо за веб-страница на УЕФА.
Натпреварот Каират – Реал Мадрид ќе се игра вечер од 18:45 часот во Алмати, Казахстан.
Реал има три бода, Каират беше поразен во првото коло на елитната фудбалска лига