Skip to main content

„Летачот на орли“ од Лесковац: Албанија или Косово сеедно, Албанци ќе играат на Мундијалот

Голот против Србија во Лесковац им донесе победа на Албанците и практично го зацврсти нивното второ место во групата К. Манај го прослави тој гол на срамен начин – со провокација.

Сега, по обезбедениот бараж, тој рече дека ќе навива за репрезентација на Косово која стигна до местото што води кон баражот.

Стигнавме до плејофот, постигнавме добри резултати во текот на овој циклус. Имаме натпревар со Англија, но фокусот ќе биде во март. Се надеваме дека нема да се соочиме со Косово. Од една страна, ќе бидеме вознемирени ако играме со нив, но од друга страна, ќе бидеме среќни што барем еден Албанец ќе биде на Светското првенство. Косоварите се наши браќа, ќе ги видиме задутре. Се надеваме на нивна победа, рече Реј Манај.

Поврзани вести