Skip to main content

Легендата на Реал Мадрид е во Скопје

„Спортувајте, другарувајте, учете, затоа што спортот е иднината на нашата татковина Македонија“, порача премиерот Христијан Мицкоски на свеченото отворање на првата сезона од „Плазма – Спортските игри за млади“ на плоштадот Македонија во Скопје. Тој истакна дека Владата ќе продолжи да ги поддржува спортот и младите генерации.

На настанот, кој обединува над 27.000 деца од целата држава, беа најавени натпревари во разни спортски дисциплини на локално, регионално и државно ниво. Најуспешните млади спортисти ќе обезбедат пласман на меѓународното финале во Сплит, каде што ќе се натпреваруваат со врсници од регионот.

Присутен беше и пораншниот директор и играч на Реал Мадрид Предраг Мијатовиќ, кој сега е дел од раководството на Партизан.

Министерот за спорт Борко Ристовски додаде дека Игрите не се само натпревар, туку и можност секое дете да почувствува што значи да биде дел од тим. 

– Спортот не е привилегија, спортот е право на секое дете – рече тој нагласувајќи дека државата вложува во младите, инфраструктурата и локалните институции за да гради здрави генерации.  

Поврзани вести