
Американските власти им дозволија влез во земјата на членовите на фудбалската репрезентација на Демократска Република Конго за да настапат на Светското првенство, јавија денеска светските агенции.
Репрезентацијата на ДР Конго на крајот од мај ги прекина подготвителните тренинзи во Киншаса поради епидемијата на вирусот ебола во земјата, по што се пресели во Европа.
Фудбалерите и стручниот штаб мораа да поминат 21-дневен карантин надвор од територијата на ДР Конго за да добијат дозвола за влез во САД.
Репрезентацијата на ДР Конго веќе слета во Хјустон каде на 17 јуни ќе игра против Португалија, по што следуваат преостанатите два дуели од групата К, против Узбекистан и Колумбија.

Македонски



